Прва трансродна личност станува министерка во шведската влада

Точка

30/11/2021

16:49

3.291

Големина на фонт

а а а

Кихлблом е разведена и мајка на две посвоени деца. Во нејзината министерска надлежност ќе бидат основните и средните училишта.

Новата шведска министерка за школство, Лина Акселсон Кихлблом, е првата трансродна личност која во таа нордиска земја ќе стане министерка, една година откако Белгија ја именувала првата европска трансродна потпретседалка на влада.

51-годишната Кихлблом, поранешна директорка на училиште и правничка, е именувана за министерка во новата социјалдемократска влада на премиерката Магдалена Андерсон, која денеска официјално станала првата жена на чело на влада во Шведска.


Во книгата "Ќе ме сакаш ли сега?" Кихлблом раскажала како во тело на момче растела како девојка и на 25 години се одлучила на промена на полот.

Транс лицата, како што вели "секогаш постоеле, постојат денес и повеќе не се срамат".


"Ние сме новата нормалност", рекла таа во 2018-та година за јавната телевизија SBT.

Кихлблом е разведена мајка на две посвоени деца. Во нејзината министерска надлежност ќе бидат основните и средните училишта, а министерката за образование Ана Екстром ќе биде задолжена за високото образование.




Спонзорирани линкови

Маркетинг