Путин му се заканил на НАТО ако ги мине "црвените линии"

Точка

30/11/2021

17:33

6.122

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјавил дека Русија ќе биде принудена да реагира доколку НАТО ги премине "црвените линии" во Украина, наведувајќи дека Москва го смета за закана распоредувањето на одредени офанзивни ракетни капацитети на територијата на таа земја.

Путин рекол дека се надева дека на сите страни "ќе преовладее здравиот разум", но изразил и желба НАТО да биде свесен за загриженоста на Русија за сопствената безбедност поради Украина.


"Доколку некој вид на ударен систем се појави на територијата на Украина, времето на лет од Москва е меѓу седум и десет минути, односно пет минути кога се работи за хиперсонично оружје. Замислете ја таа можност", навел рускиот претседател во текот на деловен форум", пренесува "B92".


Путин нагласил дека Москва, во тој случај, ќе мора да формира нешто слично како одговор на тој вид на закана. Тој потсетил дека Русија неодамна извршила успешна проба за лансирање на нов хиперсоничен проектил од море, кој ќе биде во служба на војската на почетокот на наредната година.


Рускиот лидер укажал дека брзината на тој вид ракета е девет пати поголема од брзината на звукот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг