Несекојдневната викендичка во која престојувала принцезата Дајана на Бахамите е осамен рај

Точка

30/11/2021

15:05

47.886

Големина на фонт

а а а

Додека „Спенсер“, најновиот филм за животот на принцезата Дајана се очекува да пристигне во кината, одиме на обиколување на куќата на Бахамите во која престојувала принцезата со принцовите Вилијам и Хари во 1993 година.

Фокусот повторно е на принцезата Дајана со лансирањето на „Спенсер“, најновиот биографски филм за нејзиниот живот со Кристен Стјуарт во главната улога.


Додека филмот се концентрира на посебно тешкиот живот на Дајана, овојпат ќе ѕирнеме во прекрасната куќа во која одморала принцезата со своите синови во 1993 година.

Викендичката во која принцезата Дајана престојувала со своите синови се нарекува Casuarina Beach. Таа е еден од најдобрите домови во светот, а се наоѓа на Бахамите и може да се пофали со пет спални соби.

Сместена во рамките на приватна затворена заедница, лесно може да сфатите зошто принцезата од Велс одлучила токму таму да престојува со своето семејство.


Куќата се наоѓа на простран имот и нуди целосна приватност со приватна плажа.

Реновирана е во 2009 година со нова кујна, тоалети, подови, водоводи, но и натаму го задржала оригиналниот шарм кој го сакале принцезата Дајана и нејзините синови.


Вилата се простира на 450 квадратни метри и е дизајнирана да биде опуштена куќа на плажа со сите соби кои излегуваат на централниот двор со базен и тераси за забава. Поголемиот дел од собите исто така имаат поглед кон морето.


Ви се допаѓа ли?




Спонзорирани линкови

Маркетинг