Јокиќ за свирежите од публиката во Мајами: Би сакал да ја почувствувате атмосферата во Србија

Дерби

30/11/2021

14:19

13.885

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ ја надмина повредата и со одлична партија придонесе Денвер Нагетс да ја прекине лошата серија и да слави на гостувањето на Флорида кај Мајами Хит со 120-111.

Центарот имаше дабл-дабл до 24 поени, 15 скокови на кои придодаде 7 асистенции и 1 украдена топка со што на најдобар можен начин и одговори на публиката која со свирежи го дочека по инцидентот што го имаше на минатата средба со „жешките“ со Маркиф Морис.

Многу врева се крена по тој негов потег, имаше многу коментари реакции, меѓутоа се мина во најдобар ред, па дури и браќата на Никола без никакви проблеми го проследија натпреварот од првите редови.

По средбата Никола имаше можност да одговори како било да се игра во „непријателска атмосфера“ на што тој директно одговори:

- Јас играв во Србија. Би сакал тоа да го почувствувате, -рече ѕвездата на Денвер и притоа додаде:

- Секогаш е убаво во Мајами, атмосферата е добра, таква беше играта. Бевме мотивирани од шест порази, одигравме на вистински начин. Сите придонесоа, - заврши Србинот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг