Видео: Комитова ги објави резултатите од увидот за несреќата на автопатот „Струма“ - ова се деталите

Точка

30/11/2021

14:16

4.559

Големина на фонт

а а а

Министерката за регионален развој Виолета Комитова денеска ги соопшти резултатите од увидот на патот Драгичево-Долна Дикања каде се случи тешката автобуска несреќа во која загинаа 45 лица.

Увидот на делницата меѓу Драгичево и Горна Дикања беше спроведен откако беа констатирани проблеми во патната инфраструктура, што можеле да придонесат за кобната несреќа.

Според Комитова, историјата на овој патен правец започнува во 2002-ра година, со одобрен технички проект и градежна дозвола. Во 2006-та година има дополнителна дозвола за изградба на патни клучки. Актот е издаден во 2007-ма година и има ограничување на брзината од 90 километри на час.

Поради некоја причина, во 2013-та година максимално дозволената брзина е зголемена на 120 километри на час.

„Не можеме да тврдиме дека зголемувањето на максималната брзина од 120 километри на час е главната причина за несреќата. Грубоста на површината на патот е во прилично добра состојба. Во однос на заштитната ограда наречена „рибна опашка“ истата ги исполнува стандардите. Наводно, несреќата не била со голема брзина, но избувнал пожар. Имаме многу чуден настан – пожар, што мислам дека е главната причина за жртвите. Немаме објаснување како точно изгоре овој автобус“, додава таа.

„Она што може да го направи Министерството за регионален развој и јавни работи како краткорочни мерки е да ја замени ознаката и да ја намали максималната брзина на 90 км/ч“, рече министерката Комитова.



Спонзорирани линкови

Маркетинг