Ливерпул пред 10 години издвои богатство за него, сега неделно заработува 1.000 фунти

Макфакс

30/11/2021

14:13

3.932

Големина на фонт

а а а

Пред десет години, Енди Керол беше најскапиот Англичанец во историјата на фудбалот. Ливерпул неговиот трансфер од Њукасл го платија 41 милиони евра. најголем во историјата на англискиот фудбал. Денес Керол игра за неделна плата од 1.000 фунти.

Керол во Ливерпул не ги исполни очекувањата, за разлика од Луис Суарез кој во истиот преоден рок се пресели од Ајакс на „Енфилд“.

Од Ливерпул, Керол се пресели во Вест Хем. Во Лондон беше до 2019 година, кога како слободен играч се врати во Њукасл. Керол пред еден месец потпиша договор со Рединг. До крајот на сезоната ќе заработи 28.000 фунти.

Сепак, Керол финансиски се обезбеди во претходните клубови. Во Ливерпул имаше годишна плата од 4,9 милиони евра, во Вест Хем 5,5 милиони евра, а во Њукасл во последните две сезони заработи 9,2 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг