Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат лицата над 60 години кои не примиле ниту една вакцина

Макфакс

30/11/2021

12:10

9.157

Големина на фонт

а а а

Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години како и постарите кои не ја примиле ниту првата доза од вакцината против Ковид-19, пренесуваат медиумите во регионот.

Соопштението доаѓа во време кога Грција е погодена од новиот ковид бран и кога се зголемува бројката на новозаразени случаи со коронавирус, објави Ројтерс.


Мерката ќе стапи на сила на 16 јануари и нема да има исклучоци, освен за лица кои не можеле да ја примат вакцината поради медицински причини.



Спонзорирани линкови

Маркетинг