Директорот на „Модерна“ со претпоставка: Дали вакцините против Ковид-19 ќе бидат ефикасни против новиот сој – омикрон ?

Точка

30/11/2021

09:53

18.607

Големина на фонт

а а а

Извршниот директор на фармацевтската компанија Модерна, Стефан Бансел, изјавил дека е малку веројатно дека вакцините против Ковид-19 ќе бидат ефикасни против омикрон сојот на коронавирусот, како што беа против делта сојот.

„Мислам дека никаде во светот ефикасноста нема да биде на исто ниво како за делта сојот“, изјавил тој за „Financial Times“.

Според неговите зборови, сите научници веруваат дека сценариото нема да биде толку добро.


Тој претходно за „CNBC“ изјави дека до испорака на новите вакцини може да поминат повеќе од неколку месеци, најавувајќи дека приближно за две седмици треба да биде познато во која мера се постоечките вакцини ефикасни против омикрон сојот на коронавирусот.

Инаку, во понеделникот компаниите Бионтек, Модерна и Џонсон и Џонсон објавија дека работат на вакцините кои би биле специфични за клетките на омикрон сојот, доколку се покаже дека постоечките не се ефикасни против таа варијанта на коронавирусот.


Бионтек објави дека почнале да работат на вакцина за омикрон сојот заедно со нивниот партнер Фајзер.

Џонсон и Џонсон исто така ја анализира ефикасноста од својата вакцина против омикрон сојот, истовремено работејќи на специфична вакцина за таа варијанта на коронавирус.




Спонзорирани линкови

Маркетинг