(Видео) Сопственикот на „Беса Транс“ бил еден од возачите на 4-те автобуси кои патувале во Турција

Точка

29/11/2021

17:42

6.793

Големина на фонт

а а а

Сопственикот на „Беса Транс“ им ги открил деталите за кобното патување на обвинителите, а воедно се дознава дека тој бил еден од возачите на вториот автобус и дека со себе го водел и семејството во Турција.

Беким Хаџиу бил на распит заедно со уште осуммина лица поврзани со фирмата и работењето на Беса Транс, документација која македонските истражители ја испорачаа на колегите од Бугарија. Тој негирал дека причините за пожарот се поврзани со возачите на автобусите и патниците во нив.

Од Турција тргнале 4 автобуси и во различен период ја минале границата со Бугарија бидејќи дел до патниците инсистирале да одат на шопинг, а токму ова е причината зошто конвојот се раздвоил и патувал со задоцнување од 20-тина минути, при што немало кој да му пружи помош на несреќниот со реден број 3, автобус кој изгоре до пепел.

Бугарските истражители им наредија на експертите да ја анализираат трасата на автомагистралата Струма, а и по 6 дена сè уште е затворена десната страна на патот.

Во Бугарија денеска пристигнаа и двајцата експерти од институтот за судска медицина кои веќе се дел од операцијата за ДНА идентификација на настраданите откако заврши обдукцијата минатата недела, а се очекува до крајот на оваа седмица телата да бидат предадени на роднините.

Додека Бугарија трага по причините за несреќата, јавното обвинителство во земјава најави обемна истрага околу малверзациите и пропустите со работењето на „Беса Транс“ која е пломбирана и остана без лиценца, а првично се докажа дека 135 пати кобниот автобус ги минувал границите без извод од лиценца.



Спонзорирани линкови

Маркетинг