Барселона е подготвена да плати 15 милиони евра за бразилски напаѓач

Дерби

29/11/2021

14:17

3.176

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот прволигаш Барселона ќе се обиде во зимскиот преоден рок да ги освежи своите редови, а една од позициите која треба да се засили е нападот, линија која во актуелнава сезона не е на посакуваното ниво поради многуте повреди, отсуства, плус не треба да се заборави ниту заминувањето на Лионел Меси, но и на Антоан Гризман.

Се споменуваат неколку имиња, но некако она на 23-годишниот Артур Кабрал од Базел е најактуелно. Кабрал во оваа кампања има 24 голови и 8 асистенции на 25 мечеви и со тоа дефинитивно си го отвори патот до трансфер во поголем клуб, момент кој е само прашање на време кога ќе се случи.

За него интерес покажува и Вест Хем, па според бразилската верзија на „Гол“ клубот од „Камп Ноу“ е спремен да се впушти во конлетна акција и да плати 15 милиони евра за играчот, сума која ја посакува Базел.

Проблемот е во формулата, начинот на кој би биле исплатени тие средства, Барса сака на три рати, додека швајцарскиот прволигаш веднаш ги сака сите пари. Поради ова Деко преговара со агентот на фудбалерот, Пауло Питомбеира за да се олесни работата со оглед на тоа што и Кабрал сака да игра во Топ 5 лига, па останува да видиме како ќе заврши оваа приказна, односно дали ќе се реализира трансферот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг