Се вери некогашната „проблематична девојка од Холивуд“: Моја љубов, живот и иднина...

Точка

29/11/2021

22:17

9.602

Големина на фонт

а а а

Лохан се прослави уште како девојче, а притисокот на славата ѝ донесе мноштво скандали. По подолга пауза таа ѝ се врати на глумата, па очигледно сега ја нашла и вистинската љубов, па повторно е среќна.

Актерката Линдзи Лохан (35) на својот Инстаграм профил објави низа фотографии со својот избраник на кои во прв план е вереничкиот прстен со голем камен, па со своите следбеници ја споделила среќната вест за веридбата.

Линдзи и Бадер Шамас наводно заедно се веќе две години.

„Мојата љубов, мојот живот, моја иднина“, напишала Линдзи покрај фотографијата под која можноста за пишување коментари е исклучена.

„Нивната врска е цврста и трае околу две години. Тој е вистинскиот за неа и не е во индустријата на шоубизнисот. Менаџер е за фондови на моќните луѓе“, открил извор за „The Sun“.

Изворот исто така открил дека прашање на време е кога среќниот пар ќе се венча.

Линдзи моментално живее во Дубаи, а по долг период прифатила и нова улога, што многу ѝ значи. Поради снимањето на новиот божиќен филм на „Netflix“ таа се вратила во САД, а ќе ја толкува улогата на разгалена наследничка на хотел.

„Му се вратив на актерството и не можам да бидам посреќна“, напишала Линдзи под фотографијата од сетот на снимањето на филмот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг