Бугарската министерка Комитова вели дека има нешто многу чудно со пожарот во македонскиот автобус

Точка

27/11/2021

15:35

8.429

Големина на фонт

а а а

Виолета Комитова, привремена министерка за регионален развој на Бугарија, изјавила за БНТ дека на денот на трагедијата тргнала кон местото на несреќата на автопатот Струма, но премиерот Стефан Јанев ја советувал да не оди.

Според Комитова, која е експерт за противпожарна заштита на објекти, има нешто многу чудно во целиот случај, а тоа е што пожарот избувнал многу брзо и се раширил, што се случува во многу посебни случаи, пренесува „Слободен печат“.

„Несреќата со македонскиот автобус е комбинирана со пожар. Потешкото од пожарот е експлозијата, бидејќи нема време да се реагира“, вели министерката.


„Пожарот во автобусот на „Беса транс” зафатил предмети кои многу брзо изгореле и немало време за реакција од патниците. Се добива впечаток дека возачот не се обидел да излезе од автобусот, иако тој имал најмногу време да се евакуира од автобусот. Возачот го познавал овој пат, бидејќи патувал секоја недела. За жал, извештајот од увидот на патот не е завршен“, појасни Комитова.

Безбедносната ограда на патот, вели таа, е направена по проект од 2002 година, што не значи дека е надвор од нормите, додавајќи дека во времето кога е направена била според правилата. Таа признава дека не претпоставувала дека автопатот Струма е во таква состојба и дека несреќата ја отворила темата.

Комитова вели дека ќе се обидат да ја сменат брзината и обележувањето на патот, како и да ја натераат фирмата која е одговорна за тоа, побрзо да заврши со проектот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг