"Не нѝ доаѓај дома тогаш" - твитерџиите бесни на славната пејачка!

Точка

27/11/2021

12:10

9.739

Големина на фонт

а а а

Пејачката Били Ајлиш сакала да им го одвлече вниманието, па ги замолила да ја променат традицијата за Денот на благодарноста и да се откажат од јадењето мисирка. Меѓутоа, го направи спротивното - успеа да ги налути сите.

Пејачката е веганка од своја 12 година и веќе неколку пати во јавноста говорела за тоа. Сега сакала да влијае врз своите фанови да ги преиспитаат своите досегашни навики во исхраната, па на Инстаграм стори објави фотографија од мисирка.

Држејќи ја во рацете напишала: "Мисирките се најнежните животни на светот, а 46 милиони од нив се убиени за секој Ден на благодарноста. Знам дека е тешко да се менува традицијата, но имајте го ова на ум".

Меѓутоа, и покрај добрата намера корисниците на социјалните мрежи се налутиле па коментарите на Инстаграм и Твитер биле негативни.

"Не доаѓај во нашата куќа тогаш", напишал еден корисник на Твитер.

"Ги замолувам луѓето кои ја слушаат Били Ајлиш уште еднаш да размислат. Имајте го тоа на ум".



Спонзорирани линкови

Маркетинг