Во кои држави е детектиран супермутантот Омикрон, кој СЗО го означи како загрижувачки

Точка

27/11/2021

10:33

5.720

Големина на фонт

а а а

Новата мутација на коронавирусот е откриена во Јужноафриканската Република кај речиси 100 лица. Во Боцвана има четири регистрирани случаи, а во Хонг Конг еден.

Новиот сој на коронавирусот, наречен Омикрон, вчера бил регистриран и кај едно лице во Израел. Станува збор за државјанин на Израел кој се вратил од Малави. Израелското министерство за здравство се сомнева дека заразени се уште две лица, а сите тројца биле вакцинирани.

Новата варијанта Омикрон вчера била регистрирана и кај две лица во Белгија.


Поради новиот сој многу држави веќе ги затвораат своите граници. Италија воведе забрана за влез на луѓе кои посетиле некоја јужноафриканска држава во последните две недели, а иста одлука донесе и Чешка.

Лондон ги забрани летовите од Јужна Африка, Намибија, Боцвана, Зимбабве и Лесото.


Франција исто така ги прекина летовите од јужниот дел на африканскиот континент. Во Холандија вчера пристигнале 600 лица од Јужна Африка, од кои 61 лице било позитивно на ковид-19. Се стравува дека можеби станува збор за новиот сој.

Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен најави дека ЕУ ќе предложи прекин на воздушниот сообраќај од регионот на Јужна Африка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг