Цел Балкан ја обожуваше 'Грдата Лети': Нема кој не ја гледаше хит комедијата - а еве како изгледа актерката денес

Точка

26/11/2021

19:27

10.384

Големина на фонт

а а а

Анхелика Вале е една од најпопуларните мексиканско-американски актерки, а на домашната јавност ѝ е најпозната по улогата во серијата „Грдата Лети“ или „La fea más bella“.

Анхелика првата улога ја добила во филмот, уште како дете, а нејзината највпечатлива, притоа и главна улога, била „Лети“, во познатат мексичка хумористична теленовела, „Грдата Лети“, која е снимана во 2006/2007-ма година.

Популарната актерка денес има 46 години, а за разлика од ликот кој го толкуваше во популарната серија, Анхелика важи за многу шармантна и убава жена која води сметка за својот изглед. Денес, една деценија по снимањето на серијата, може да се пофали со совршен природен изглед.

После снимањето на серијата „Грдата Лети“, продолжила да глуми во многу серии, а имала улоги и во неколку филмови.

Актерката денес е во среќен брак, живее со сопругот со кој има две деца и често споделува заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Инаку, серијата „Грдата Лети“ доби свој американски римејк, кој беше насловен како „Грдата Бети“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг