Малиот џин полета: Погледнете го летечкиот "Renault 4"

Точка

26/11/2021

17:16

41.045

Големина на фонт

а а а

Прославата на 60-тиот роденден е одбележана со уште една специјална креација.

"Renault" во соработка со "TheArsenale", понудил футуристичка интерпретација на легендарната "Четворка" и воедно првата која може да лета.

"Renault 4" со повеќе од осум милиони продадени примероци во текот на 30 години и тоа во повеќе од 100 земји, сосема сигурно е повеќе од автомобил. И додека оригиналот од 1961-ва година останал доследен на идејата за едноставност се до својот крај на почетокот на 90-тите, оваа изведба оди во поинаква насока.

Името му е "AIR4", а најважно е тоа дека не му е потребен автопат. Летечката Четворка е своевиден одговор на денес вообичаениот сообраќаен метеж, но и симбол на независноста и слободата, истакнуваат од "Renault".

"AIR4" во целост е направен од карбонски влакна и ги задржува истите линии и маса на оригиналната Четворка, но од неа се разликува по физикалните особини. Крутоста е значајно зголемена за да се овозможи потисок и полетување, на што се потрошени часови испитување и изработка на проценка.


"Годината на славење на "Renault 4" сакавме да ја заклучиме со нешто навистина неконвенционално", нагласува Арнауд Белони, претседател на Одделението за глобален маркетинг на "Renault": "Соработката со компанијата "TheArsenale" се покажа како логичен чекор. Летечкиот концептен автомобил "AIR4" на единствен начин ни покажува како тој култен модел би можел да изгледа за 60 години".

"AIR4" нема тркала, а наместо нив има пропелери со две перки, и тоа по еден на секој агол од возилото. Шасијата е вградена во средината на рамката.


Технички гледано, "AIR4" го напојуваат литиј-полимерски батерии од 22.000 mAh, кои развиваат струја со јачина од 90.000 mAh. Возилото во хоризонтален лет развива максимална брзина од 26 м/с. Може да лета на висина до 700 метри со брзина од 14 м/с.

Возилото во целост е осмислено, дизајнирано и составено во Франција.




Спонзорирани линкови

Маркетинг