Порнографија наместо здодевна статистика: Сајтот на британското министерство за сообраќај преплавен со содржини за возрасни

Точка

26/11/2021

13:31

11.122

Големина на фонт

а а а

На сајтот на британското министерство за сообраќај, наместо здодевни графикони и деловни планови, можело да се гледа експлицитна порнографија

Како што пренесуваат британските медиуми, сајтот на министерството, кој во главно служи за прикажување на графикони, планови и статистики, неколку часа наместо со табели бил преплавен со порнографски материјал.

Од министерството било порачано дека станува збор за домен кој министерството повеќе не го користи, како и дека адресата на доменот сега е трајно избришана.

Засега не е јасно дали сајтот бил хакиран.

Ова не е прв пат владините сајтови а бидат преплавени со содржина за возрасни. Во септември, неколку станици на американската администрација биле хакирани и преплавени со реклами за вијагра и порно филмови.




Спонзорирани линкови

Маркетинг