Нова корона-карта во која црвената боја доминира: Стапката на ризик и натаму висока во поголем дел од државите на ЕУ

Точка

25/11/2021

17:28

3.138

Големина на фонт

а а а

Европскиот центар за превенција и контрола на болести ја објави новата корона-карта на ЕУ на која ситуацијата е загрижувачка.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести ја ажурираше корона-картата, а истата прикажува 14-дневна зараза на 100.000 жители, па така ги рангира регионите во поединечни држави според стапката на ризик.

Хрватска станала темноцрвена уште на 28 ноември, а очигледно е дека тој тренд и натаму продолжува.

Но, ниту другите земји не се лишени од негативната епидемиолошка слика. Кога ќе се спореди минатонеделната со оваа карта - состојбата се влошила и во Италија и Франција.

Боите на корона-картата се одредуваат во зависност од бројот на новозаразени и процентот на тестирана популација.

Темноцрвената боја на картата ги означува земјите во кои 14-дневната застапеност е поголема од 500 новозаразени на 100.000 жители, а уделот на позитивни случаи на Ковид-19 меѓу сите тестирани надминува 4 отсто.

Погледнете ја корона-картата: 




Спонзорирани линкови

Маркетинг