70.000 парови потврдиле: Ова е тајната за квалитетен љубовен и сексуален живот - многу едноставно!

Точка

25/11/2021

22:31

93.768

Големина на фонт

а а а

Џон Готман, американски психолог и терапевт, се занимава со брачни односи, а заедно со својата сопруга Џули дури и основал институт кој служи како институција за помош на паровите.

Овој успешен пар, кој е заедно повеќе од 30 години, во интервјуто „Psychology Today“ зборува како паровите во другите земји можат да го подобрат својот сексуален живот.

Тие откриле и која навика ја имаат паровите со добар сексуален живот.


„Едно нешто ме воодушеви кога анализирав што сè е потребно за добар сексуален живот, одржување романса и страст и сексуална желба. Во книгата 'The Normal Bar' е претставено истражувањето кое е спроведено на 70.000 парови ширум светот. Тогаш издвоив некои навики на парови со добар сексуален живот“, рекол Џон.

Готман ги открива тајните на паровите кои 'долго траат', за добар сексуален живот.

- Секојдневно си велат еден на друг дека се сакаат;
- Се бакнуваат страсно без причина;
- Еден на друг си даваат комплименти;
- Романтично се изненадуваат меѓу себе;
- Излегуваат заедно;
- Изразуваат нежност во јавност.


„Тајната на добриот сексуален живот е да бидете во физички допир. И, тоа е тоа!“

Неговата сопруга открила дека паровите често имаат погрешни сфаќања.

„Сексот не мора да биде совршен и холивудски. Мора да биде она што вие сакате. Бидете слободни и креативни во кревет“, истакнала Џули.




Спонзорирани линкови

Маркетинг