Објавен тизерот за втората сезона на хит-серијата кој за еден ден е прегледан 1,5 милиони пати: „Исплашена и возбудена сум истовремено“

Точка

25/11/2021

12:30

7.347

Големина на фонт

а а а

Објавен е тизерот за втората сезона на серијата „Euphoria“ која се прикажува на стриминг сервисот „HBO Max“.

За еден ден овој тизер добил над 1,5 милиони прегледи. Втората сезона ќе биде објавена на 9 јануари, а обожавателите одвај чекаат да се случи тоа.

„Немојте да ми замерите, но ова видео ќе го гледам секој ден наредните два месеци“, „Зендаја повторно ги напаѓа Еми наградите“, „Продукцијата на оваа серија никогаш нема да престане да ме воодушевува“, „Ова изгледа интензивно, подготвени сме“, „Неверојатно сум возбудена“ „Изгледа како целосно различна серија и не можам да дочекам“, „Ова го чекавме“, „Исплашена сум и возбудена истовремено. Оваа сезона ќе биде многу добра“, се само некои од многубројните коментари на фановите.

Во тизерот се гледа Ру која ја глуми Зендаја, која пее за својата неодговорност. Прикажани се и сцени од полициски рации, како и познати лица од првата сезона. Сè уште не е објавено со што точно ќе се занимава втората сезона.

Првата сезона беше претставена во 2019 година и доби многу награди. Зендаја, која во серијата ја има главната улога, освои Еми за извонредна главна актерка во драмска серија.


Серијата се темели на истоимената израелска мини-серија која се емитувала во 2012 година, а за „HBO“ ја креирал Сем Левинсон.

Дејството во оваа тинејџерска драма се врти околу љубовта, бесот, дрогата и сексот. Серијата со првата сезона предизвика бес кај родителите затоа што во третата епизода беа прикажани сцени од соблекувална на кои наводно се гледаат 30 машки полови органи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг