„Фајзер“ тужи вработена поради украдени податоци за вакцината против коронавирусот

Макфакс

25/11/2021

11:37

1.214

Големина на фонт

а а а

Компанијата „Фајзер“ тужи вработена, која овде работи со години, поради наводна кражба на голем број доверливи документи, вклучувајќи и за вакцината против коронавирусот.

Компанијата во тужбата наведува дека вработената Џун Ксијао Ли го прекршила договорот за доверливост со префрлање повеќе од 12.000 датотеки без дозвола на свои лични сметки и уреди од деловниот лаптоп.

Материјалите содржат внатрешни процени и препораки за вакцината на „Фајзер-Бионтек“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг