„Не знаеме зошто палатата молчи, таа беше на раб на смртта“: Мистеријата за најтажната принцеза на светот доби уште еден пресврт

Точка

25/11/2021

22:31

14.682

Големина на фонт

а а а

Пријателите на принцезата Шарлин проговориле за нејзината состојба и откриле непознати детали за тоа откако било откриено дека неодамна таа била примена во установа за лекување надвор од Монако.

Откако принцезата Шарлин по 10 месеци престојување во ЈАР се врати дома, не престануваат да кружат гласините за неа. Сега нејзините пријатели тврдат дека состојбата со неа е посериозна отколку што се зборува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Сцената од балконот во Монако која ја расплака цела јавност: Емотивна порака до најтажната принцеза на светот од нејзините деца


„Принцезата Шарлин од Монако, речиси и ќе починеше во ЈАР откако помина низ повеќе операции и изгуби многу килограми“, изјавиле најблиските пријатели за неа за „Page Six“.

Нејзините пријатели велат дека сметаат дека кралското семејство во Монако не го сфатил како што треба тежината на нејзиниот здравствен проблем.

„Неправедно е да се прикажува како да има некој вид на ментални или емоционални проблеми. Не знаеме зошто палатата не го кажува тоа и ја крие цела таа ситуација“, изјавил извор додавајќи дека принцезата имала тешка инфекција на увото, носот и грлото, што резултирало со сериозни проблеми со синусите.


„Подолго од половина година не може да јаде цврста храна поради операциите. Течност внесуваше само преку сламка и изгуби речиси половина од својата телесна тежина, исцрпена е и очајнички ѝ недостасуваат сопругот и децата“, открил близок извор до принцезата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг