Веќе 56 години првата дама на САД има должност да го пречека и накити божиќното дрво во Белата куќа. Тој обичај го испочитувала и Џил Бајден, сопругата на претседатело Џо Бајден.
На Твитер споделила фотографија од дрвото кое било донесено од Северна Каролина. Високо е околу пет метри.
"Овде е", напишала Џил на објавата од дрвото кое ќе биде поставено во овалниот син салон на Белата куќа.
It’s here! pic.twitter.com/9kjM5tl40u
— Jill Biden (@FLOTUS) November 23, 2021
За оваа прилика Џил била придружувана од нејзиниот посинок Хантер Бајден и неговата сопруга Мелиса Коен како и нивниот едногодишен син Беау. Воодушевената Џил на американските новинари им рекла дека дрвото е "прекрасно, односно величествено".
"Секоја година лустерот од просторијата се отстранува за да може Божиќното дрво да го собере", додала Бајден.