Била родена во 19 век: Почина жената за која се верува дека е најстарата личност на светот

Точка

24/11/2021

19:45

14.030

Големина на фонт

а а а

Жената за која се верувало дека е последната преживеана личност родена во 19 век починала на почетокот на оваа седмица. Се верува дека Франсиска Сузано, позната како Лола Иска имала 124 години кога починала во домот во Кабанкалан.

Филипинските власти тврдат дека Лола била најстарата личност на овој свет. Претставниците на Гинисовата книга на рекорди наводно ги проверувале овие податоци, но Сузано починала пред да успеат да ја потврдат нејзината старост.

Според локалните, неофицијални извештаи, Франсиска била родена на 11 септември 1897 година пред Шпанија да им ги продаде Филипините на САД.


Тајната на долгиот живот на Лола е диета која се состоела од многу зеленчук, малку месо и никако консумирање на свинско месо. Исто така не пиела алкохол.



Спонзорирани линкови

Маркетинг