Екипа на Телма на местото на несреќата: Отстранети се полициските барикади

Макфакс

24/11/2021

19:22

2.901

Големина на фонт

а а а

На местото на несреќата има остатоци од автобусот, кои останале таму по кревањето на трупот на изгореното возило. Се гледа и местото каде прв пат удрил автобусот, и каде изгорел.

Местото на несреќата, во која загинаа 45 граѓани на Македонија, е обележано со црвени полициски ленти кои го означуваат местото за продолжува на истражните активности, пишува "Телма".

На местото на несреќата има остатоци од автобусот, кои останале таму по кревањето на трупот на изгореното возило. Се гледа и местото каде прв пат удрил автобусот, и каде изгорел.

Во болницата "Пирогов" во Софија се наоѓаат седумте преживени патници, и сите се во стабилна состојба.

Во Софија и натаму има роднини на преживеаните, но и на загинатите, кои чекаат повеќе информации, пишува "Телма".

Знамињата во Бугарија се на половина копје. И таму е ден на жалост. Покрај тоа, жалост и помен на загинатите се искажувало и пред македонската амбасада во Софија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг