Туристичката агенција „Беса транс“ чијшто автобус вчера изгоре во страшната сообраќајна несреќа во Бугарија во која 45 лица го загубија животот, демантира дека на снимките од хотелот кои се појавија во медиумите, се гледа автобусот во кој се качиле жртвите.
Претходно, турската телевизија „Хаберлер“ објави видеоснимки од безбедносните камери на хотелот во Истанбул каде што престојувале македонските патници кои што беа на патување организирано од страна на туристичката агенција.
„Изразуваме сочувство до сите роднини на загинатите во трагичната несреќа што се случи вчера во раните утрински часови, на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Немаме зборови и не верувавме дека и во овие случаи медиумската база ќе биде дезинформација, како резултат на дистрибуција на некои видеа од хотел во кој престојувале дел од нашите патници. Меѓу автобусите што се појавуваат на тие видеа не е автобусот од трагичната несреќа“ пишуваат од „Беса транс“.
Njoftim me rastin e tragjedisë të ndhodhur në Bullgari
Njëherit ju shprehim ngushëllime të gjithë familjarve të të...
Posted by Besa Trans-Shkup on Wednesday, November 24, 2021
Оттаму посочуваат дека медиумите прво треба да ја потврдат веста и потоа да ја дистрибуираат, а не да го искористуваат трагичниот случај.
„Ние немајќи официјална информација, не презедовме никакви чекори за информирање на јавноста“ велат од агенцијата.