Хит број 1 меѓу филмоманите: Серијата која го сруши рекордот на „Squid Game“ во гледаност

Точка

24/11/2021

11:00

9.269

Големина на фонт

а а а

Пред неколку месеци беше невозможно да се замисли дека светски популарната серија „Squid Game“ некој би ја надминал. Но, кој ќе ги победи Корејците ако тоа не го направат тие самите?

Новата хит-серија „Hellbound“ во рекорден рок ги срушила сите рекорди на гледаност и се нашла на врвот на листата најгледани серии.

На „Netflix“ на 19 ноември беше премиерата на серијата која за помалку од 24 часа забележала огромен успех.

Оваа комбинација на хорор, акција и фантастика преку ноќ станала глобален феномен.


Во центарот на настаните се група насилни демони кои ловат поединци на кои претходно им било најавено кога ќе умрат.

Колку и да бегаат, демоните на крајот ги стигнуваат и ги носат во пеколот, а зад нив на Земјата останува само пепел.

Се активира колективна хистерија и бројни верски расправи. Мистеријата за демоните ќе се обидат да ја откријат и полициски детективи, новинари и адвокати...

Врвот на напнатоста гледачите ќе можат да ја доживеат низ шест епизоди, колку што трае првата сезона.

Серијата ја режирал Јеон Санг-Хо, а премиерно била прикажана во септември на Филмскиот фестивал во Торонто.

Погледнете го трејлерот: 



Спонзорирани линкови

Маркетинг