(Видео) Човек покажува како изгледа местото на трагедијата во Бугарија ден претходно, па порачува: „Корупцијата убива“

Точка

24/11/2021

09:10

21.176

Големина на фонт

а а а

Корисник на социјалната мрежа Фејсбук од Бугарија, објави видео од местото на трагедијата (ден претходно) каде се случи сообраќајната несреќа во Бугарија.

Многу од возачите веќе го изразија своето мислење дека самиот начин на којшто е изградено ова раздвојување на патот може да биде причина за трагедијата, поради тоа што знакот не е поставен на соодветно место, туку на местото каде што се дели патот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Градоначалникот на Перник: Оваа рута е една од најтешките во Бугарија, често има несреќи

Корисникот кој го сподели видеото на Фејсбук, напиша:

„Вака изгледаше делницата од автопатот Струма ден пред трагедијата. Ставете се на местото на возач на автобус: возите ноќе, по експресен пат со две ленти, една лента за итни случаи. Во еден момент, двете ленти стануваат три без никакви вертикални ознаки што укажуваат дека „третата лента“ има некоја друга цел. Како професионален и совесен возач одговорен за 50 судбини, „останувате“ на безбедната лента по којашто возите со вашето возилото, на крајната десна лента. По кривината, сфаќате дека обележувањето ве изневерило, но веќе е доцна. Правите сè што е во ваша моќ, но вашата судбина и на уште 50 невини луѓе е веќе предодредена. Корупцијата убива.“ стои во описот на видеото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг