Холандија почнала да пренесува ковид пациенти во Германија: Огромен притисок на болниците поради растот на заразени

Точка

23/11/2021

14:53

3.931

Големина на фонт

а а а

Холандија почнала да пренесува пациенти заболени од ковид преку границата во Германија, за да го намалат притисокот на своите болници, кои се борат со пораст на бројот на случаи на коронавирус.

Пациент утрово бил пренесен од Ротердам во болница во Бохум, на околу 240 километри источно, а во текот на денот ќе биде пренесен уште еден, рекле здравствените власти.

Бројот на ковид пациенти во холандските болници во минатите недели достигнал најголемо ниво од мај, па се очекува и натаму да се зголемува додека заразата достигнува рекордни нивоа.


Понудени 20 кревети

Германските болници вкупно понудиле 20 кревети за пациенти од Холандија, откако во текот на претходните бранови на пандемијата се лечеле десетина пациенти.

Плановите на холандската влада за наметнување на понатамошни ограничувања за да се спречи ширење на вирусот, предизвикале три ноќи демонстрации и повеќе од 170 апсења во градови ширум државата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг