Ова е новата француска претседателска "лимузина"

Точка

12/11/2021

14:13

37.606

Големина на фонт

а а а

За почеток - воопшто не станува збор за лимузина, туку за кросовер

Имавте можност да видите како изгледаат американските, руските и кинеските претседателски автомобили, а сега ви го претставуваме новото службено возило на претседателот на Франција.

Како другите моќни држави со моќна авто-индустрија, и Франција за своите претседатели користела луксузни модели од домашен произведувач на автомобили.

Овој пат го избрале луксузниот кросовер "DS 7 Crossback Élysée", домашен премиум бренд кој ја продолжува традицијата на луксузни лимузини на "Citroen".

Специјалниот автомобил во кој ќе се вози Емануел Макрон е базиран на серискиот модел "DS 8 Citroen E-Tense 300", чие меѓуосовинско растојание е продолжено за 200 мм, па вкупната должина на автомобилот сега изнесува 4.790 мм.

Тоа не е единствената промена во однос на продукциското возило, со оглед на тоа дека кросоверот, меѓу другото, добил висок степен на балистичка заштита, држачи на знамиња на предниот дел, "блинкери", а одбрана е и специјална боја за надворешноста - "Ink Blue".


Автомобилот е поставен на единствени 20-инчни алуминиумски бандажи, а вграден е и специјален телекомуникациски систем. За дополнително да ја назначи неговата функција, "DS 7 Crossback Élysée" ги има и иницијалите Р.Ф во внатрешноста.

Кога станува збор за патничката кабина, позади има две посебни, комфорни седишта со електрично подесување, додека на централната конзола меѓу нив има безжичен полнач за претседателскиот смартфон, како и команди за климата во задниот дел од кабината.


Една од работите кои не се менувани во однос на фабричкиот модел е "plug-in" хибриден погонски систем.

Во неговото срце има "PureTech" бензинец, а му помагаат два електромотори, додека електричната енергија се чува во батерија до 13,2 kWh.


Хибридниот систем овозможува погон на сите 4 тркала, а вкупната комбинирана сила на автомобилот изнесува 300 коњски сили (221 kW), додека максималниот вртежен момент е 520 Nm.

Со оглед на тоа дека возилото е блиндирано, дополнителната маса секако влијаела на перформансите. Произведувачот не ги открил податоците за забрзувањето, а потсетуваме дека продукциската верзија на "DS 7 Crossback" до стотка доаѓа за 5,9 секунди.


Што се однесува до автономијата во чисто електричен режим на возење, таа кај серискиот модел изнесува 50-тина км.

"DS 7 Crossback Élysée" официјално бил претставен како ново претседателско возило на 11-ти ноември, кога ширум Европа се одбележува Денот на примирјето во Првата светска војна.




Спонзорирани линкови

Маркетинг