Ферари е страст за славниот фудбалер - поседува колекција вредна четири милиони фунти

Точка

08/11/2021

18:33

37.368

Големина на фонт

а а а

Легендарниот фудбалер на Челзи и поранешниот репрезентативец на Англија е познат како голем љубител на автомобилите, а неговата гаража е "преполна" со Ферари во вредност од четири милиони фунти.

Тери отсекогаш важел за контроверзен играч, а новиот "скандал" го предизвика откако се активираше на Твитер, па во еден момент навредил обожавател и неговата сопруга кои се обиделе да го исмеат.

Но, Тери уште одамна е љубител на Ферари. Неговиот дом во Суреј поседува гаража која ја полна со возила од овој италијански бренд.


Легендарниот фудбалер во својата колекција има четири Ферари кои чинат исто толку милиони фунти. Откако во 2013 година ја освои Европската лига, Тери се почестил со Ферари Ензо, најскапиот автомобил во својата колекција. Еден модел од ограничената серија завршил во рацете на фудбалерот, а го платил два милиони фунти.


Уште еден модел кој чинел преку милион фунти е Ферари 275 GTB од 1960 година. Во 2015 година на Инстаграм објавил фотографија од ова возило за кое платил 1,5 милиони фунти.


Ферари 458 Спајдер е исто така дел од неговата колекција, а чини 170.000 фунти. Покрај Ферари, Тери поседува и Rolls-Royce Wraith (250.000 фунти), Bentley Continental GT (160.000 фунти), и Range Rover Overfinch (90.000 фунти).




Спонзорирани линкови

Маркетинг