Оваа билка ќе ви помогне да се ослободите од стресот: Го подобрува варењето, ги ублажува болките и ја елиминира кашлицата

Точка

27/10/2021

18:19

11.749

Големина на фонт

а а а

Ловоровиот лист најчесто се користи како зачин, но тој има и лековити својства.

Еве дел од нив:

Го подобрува варењето

Благодарение на бројните корисни состојки, ловоровиот лист го стимулира процесот на варење, ги намалува грчевите во стомакот и ја подобрува циркулацијата на крвта. Чајот од ловор се препорачува и кај лица со намален апетит.


Ги ублажува болките

Маслото од ловор се користи за лекување на болки во ушите, модринки и истегнувања. Силното аналгетско делување на ова масло е речиси незаменлива состојка во терапиите против болки. Ловорот е корисен и против главоболка бидејќи содржи партенолиди, супстанца која благотворно делува кај мигрената.

Го олеснува искашлувањето

Маслото од ловор е едно од најмоќните препарати за зајакнување на организмот бидејќи го чисти лимфниот систем. Се препорачува и како проверено средство за искашлување, но и за лекување на проширени вени.


Благодарение на состојката наречена еугенол, ловорот делува антивоспалително. Токму од оваа причина, заговорниците на народната медицина препорачуваат облоги натопени во вода во која се варел ловоров лист. Ваквите облоги помагаат кај настинки, грип, кашлица и бронхитис.

Го елиминира стресот

Ловоровиот лист кој сигурно веќе го имате во својата кујна, може да ви помогне да се ослободите од стресот и напнатоста за помалку од 5 минути. Сè што треба да направите е да запалите сув ловоров лист и да оставите да изгори. Веднаш ќе забележите пријатен, релаксирачки мирис.


Поради ослободување на одредени супстанци кои ги содржи предизвикани со согорувањето, се создава позитивен проток на енергија во домот, па затоа вдишете длабоко и дозволете мирисот да го смири вашиот ум и тело.



Спонзорирани линкови

Маркетинг