Крос имал договор со Јунајтед – трансферот пропаднал кога Мојс добил отказ

Макфакс

27/10/2021

17:49

1.252

Големина на фонт

а а а

„Билд“, објавува делови од книгата на најпознатиот германски менаџер, Фолкер Штрут. Книгата „Моите потези“, наскоро ќе се најде во продажба.

Штрут открива како дошло до трансферот на Тони Крос. Карл-Хајнц Румениге не ги прифатил условите кои ги поставил менаџерот. За Крос тој барал годишна плата од 10 милиони евра, на првите два состаноци Румениге понудил 6 милиони евра, на третиот ја зголемил понудата за 500.000 евра.

Дека нема да остане во Баерн му станало јасно на 2.февруари 2014 година, кога по победата над Ајнтрахт од 5:0, претседателот Ули Хенес пред сите му порачал на Крос дека нема да ја добие платата што ја бара.

„Тој ден на Крос му стана јасно дека наредната сезона нема да игра за Баерн. Веднаш ги контактирав сите големи клубови во Европа, објавива дека Тони е достапен. На почетокот чувствував дека не ми веруваат. Не веруваа дека Баррн ќе го пушти. Па тој е е совршен за фудбалот на Гвардиола. Пота им стана јасно дека не се шегувам. Во април 2014 година, Манчестер јунајтед го испратија договорот, кој требаше да го потпише Тони. Клубовите веќе се имаа договорено…Манчестер јунајтед знаеја како да му покажат на фудбалерот дека им значи. Дејвид Мојс дојде да го посети Тони. Беа тоа јасни сигнали на љубов. Тони лесно се согласи. Мојот примерок од договорот го ставив во сефот. Таму се наоѓа и сега. Без потписот на Тони. На 22.април 2014 година Дејвид Мојс доби отказ. Морав повторно да преговарам, да барам нов клуб“.

Тони Крос во летниот преоден рок, во 2014 година, се пресели во Реал Мадрид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг