На плоштадот во Гостивар закачени вознемирувачки пораки кои девојките онлајн ги добиваат

Точка

27/10/2021

16:10

2.235

Големина на фонт

а а а

Гостиварскиот плоштад е исполнет со најчестите вознемирувачки пораки кои онлајн секојдневно ги добиваат младите девојки.

Овие пораки беа претставени на изложбата „Од инбокс, на плоштад“, којашто се реализираше во рамки на кампањата „Seen“ (Видено) на Центарот за еднакви можности „Mollëkuqja“ (Бубамара).

Sheshi i Gostivarit, gjatë ditës së martë, më 26 tetor, u mbush me mesazhet më të shpeshta ngacmuese të cilat vajzat e...

Posted by Center for Equal Opportunities Mollëkuqja on Вторник, 26 октомври 2021

„Развојот на технологијата значително го зголеми сексуалното вознемирување кое се случува на интернет, поради што многу девојки секојдневно се соочуваат со несакани пораки и содржини на нивните профили. Целта на оваа изложба беше поблиску да се информираат граѓаните за оваа појава, да се подигне нивната свест и овие случаи да не поминат во тишина туку да бидат пријавени“, велат од центарот.

Прикажаните пораки се вистински пораки кои младите девојки ги испратиле до „Бубамара“.

Оваа активност се реализираше во рамките на проектот „Млади Градови“, кој го спроведува Институтот за стратешки дијалог – ИСД во соработка со Демократија Лаб и Центар за млади и заедница – Гостивар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг