Михајловиќ воодушевен од соиграч на Елмас: Со што ги хранат во Неапол…

Дерби

27/10/2021

15:23

1.463

Големина на фонт

а а а

Синиша Михајловиќ беше разочаран од начинот на кој неговата Болоња загуби од Милан изминатиот викенд, но српскиот стручњак нема многу време за жалење, бидејќи веќе утре го чека нов тежок и сериозен испит во Серија А.

Избраниците на Миха утре гостуваат на „Диего Армандо“ Марадона во Неапол и ќе имаат тешка задача против еден од двата непоразени тима во лигата, дуел пред кој тренерот на Болоња посебно изрази восхит за фудбалерот кој почна да се споредува со Ромелу Лукаку.

Виктор Осимен добива низа пофалби во јавноста во последно време, а Михајловиќ во свој специфичен стил се обиде да објасни што мисли за првиот напаѓач на Наполи.

– Тој предизвикува подобар баланс на теренот дури и од Лукаку. Со што ли ги ранат во Неапол? Мене тој ми изгледа како вистинска машина. Ги игнорира противниците, но во добра смисла.

– Постојано трча, ја отвора играта, ја рестартира играта за својот тим и постигнува голови. Навистина е моќен и ќе бидам искрен дека не очекував да биде волку добар. Вистината е дека полека почнува да се гледа зошто го платија 70 милиони евра, – вели Михајловиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг