Ѕвезда на ПСЖ непријатно изненадена од проститутка во Париз

Дерби

27/10/2021

14:50

2.400

Големина на фонт

а а а

Играч од првиот тим на ПСЖ бил ограбен вчеравечер во Париз, откако во моменти кога чекал семафор во близина на Булоњската шума, непознато женско лице влегло во неговиот автомобил и се заканувало со тврд предмет.

Угледниот „Ле Паризен“ го проследи записникот од полицијата во Париз, кој вели дека ѕвезда на ПСЖ била нападната во вторникот вечерта, и тоа од проститутка која очигледно добро ја „намирисала“ шансата за лесен грабеж.

Проститутката влегла во возилото на фудбалерот и брзо ги присвоила паричникот и телефонот на професионалниот играч чиј идентитет не е откриен од страна на полицијата, но и од страна на угледните медиуми во Франција.

Младата жена која извршила напад побарала од фудбалерот да биде пренесена до одредена локација во замена за телефонот кој го присвоила, по што мобилниот бил вратен на фудбалерот кој целиот овој случај го пријавил во полиција.

„Ле Паризен“ открива дека фудбалерот на ПСЖ претрпел материјална штета од само 200 евра, но поради нанесениот психички стрес, размислува да поднесе тужба и да се отвори цел случај за пронаоѓање на крадецот и напаѓачот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг