„Сите членови на семејството се заразуваат со коронавирус освен еден“ – доктор објаснува што е причината за тоа

Точка

27/10/2021

13:57

24.931

Големина на фонт

а а а

Во тек се студии ширум светот во кои се анализираат лицата кои се природно отпорни на вирусот SARS-CoV-2, кој предизвикува Ковид-19.

Во нивните гени може да биде клучот за лекување на оваа болест, вели д-р Душан Кецкаревиќ, молекуларен биолог и форензички генетичар за „РТС“.

Д-р Кецкаревиќ вели дека, иако сè уште нема доволно информации за вродена резистенција на вирусот, има случаи низ светот, па и кај нас, кога понекогаш се заразуваат сите членови на семејството освен еден.


„Тие поседуваат некој природен имунитет, а тој мора да лежи некаде во генетскиот материјал. Ако го анализирате генетскиот материјал на група такви лица и го споредите со група луѓе кои се разболуваат, тогаш можете да дојдете до разлика во нивните геноми т.е во наследниот материјал и на крајот да го извлечете одговорот – можеби тој протеин, таа секвенца, таа варијанта на тој протеин ги штити луѓето од коронавирус“, вели д-р Кецкаревиќ.

Тој објаснува дека овие истражувања не се лесни за изведување, но, како што вели, се можни и на повеќе нивоа се во тек.

На прашањето во кој правец се движи епидемијата, неговите проценки се дека таа нема да исчезне, дека ќе продолжи да егзистира, но дека можеби ќе дојде до варијанта која нема да биде смртоносна.


„Вирусот ќе продолжи да егзистира и мислам дека веројатно нема да има крај на неговото присуство, но во еден момент ќе стане неважно дали тој се појавува или не, или едноставно ќе премине во некоја инфекција која изискува помало внимание. Тоа се моите очекувања“, наведува докторот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг