Второлигашка „бомба“ во Шпанија: Љоренте одработува медицински прегледи пред официјалната промоција

Дерби

27/10/2021

13:32

2.105

Големина на фонт

а а а

Фернандо Љоренте беше соиграч на Илија Несторовски до минатата натперварувачка сезона, но откако му истече договорот со Удинезе, искусниот шпански напаѓач не можеше да пронајде ангажман до ова попладне.

Поранешниот репрезентативец на Шпанија и екс напаѓач на Јувентус, Наполи и Тотенхем се одлучи за еден навистина необичен чекор во својата кариера, бидејќи се согласил да игра во втората лига на Пиринеите до крајот на актуелната натпреварувачка сезона.

Еибар во овој момент е втор на табелата во Сегунда и важи за еден од трите главни фаворити за враќање во Примера наредната сезона, а баскискиот клуб сигурно ќе има полесна задача да ја оствари својата цел со искуство какво што има Љоренте.

На официјалните гласила на клубот се потенцира дека Љоренте потпишал преддоговор со Еибар и во овој момент ги одработува потребните медицински прегледи, по што и дефинитивно ќе биде претставен како супер-засилување.

Со оваа неочекувана второлигашка „бомба“, Љоренте го реши својот статус на слободен агент кој траеше со месеци, па по долги години, одново ќе го гледаме на шпанската фудбалска сцена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг