Рафа Маркез направи искрен избор меѓу Меси и Роналдињо: Лео е надвор од серија, но Рони…

Дерби

27/10/2021

11:48

2.373

Големина на фонт

а а а

Рафаел Маркез е легендарен мексикански фудбалер кој одбележа една цела ера во својата репрезентација, но покрај тоа што повеќе од две децении ги бранеше боите на „ацтеките“, од клупската кариера, за одбележување е етапата која ја имаше во Барселона.

Дефанзивецот кој можеше да игра и како последен играч за врска мина цели седум години на „Камп Ноу“ и успеа да освои се што можеше да се освои, но како што вели самиот, тој посебно горд е поради фактот што бил дел од играчите кои направиле револуција во Барселона во период кога на клубот не му одеше добро.

Маркез пристигна во Барса во 2003-та година, а кога си замина во 2010-та, тоа го направи со 11 освоени трофеи, вклучувајќи ги оние четири во Ла Лига и две во Лигата на шампионите.

– Минав седум години во Барселона и тоа е многу за клуб како што е Барса. Горд сум што пристигнав во Барселона кога тимот не освојуваше титули, бев дел од реконструкцијата која ние ја направивме и навистина ми е мило што сум дел од таа историја, – вели Маркез во интервјуто за „Ел Чирингито“, во кое прави и искрен избор меѓу Роналдињо и Лионел Меси.

– За мене на прво место е Роналдињо. Можев да го гледам одблиску од самиот старт на неговата етапа во Барселона. Меси е надвор од серија, но Роналдињо ја има таа магија, таа забава во себе која ја нема никој друг. Секогаш мислевме дека ќе направи нешто поразлично од другите и тоа навистина го правеше уникатно. Историски гледано, за мене најдобар е Пеле, но од мојот период, Роналдињо за мене е пред Меси, – потенцира Маркез кој во истото интервју го избира Пеп Гвардиола за најдобар тренер со кого соработувал.



Спонзорирани линкови

Маркетинг