Пред еден месец ги укинаа сите епидемиолошки мерки против Ковид-19, сега бројката нагло расте: „Нè чека тешка зима“

Точка

27/10/2021

19:10

4.199

Големина на фонт

а а а

Во Данска се вакцинирани над 75 отсто од луѓето. Државата бележи сè поголем број на новозаразени и хоспитализирани поради коронавирусот, а министерот за здравство ги повикал граѓаните да се вакцинираат.

„За да избегнеме повторно воведување на заштитни мерки, што повеќе граѓани мора да примаат вакцина“, порачал вчера данскиот министер за здравство.

Тој ги повикал Данците да се вакцинираат откако бројот на хоспитализирани поради коронавирусот достигнал 200, што не било случај во изминатите неколку месеци.


Р-бројот за Данска во вторникот изнесувал 1,2 што значи дека десет заразени луѓе понатаму ќе го прошират вирусот на уште 12 луѓе.

Во месец октомври бил нагло зголемен бројот на новозаразени. Во вторникот забележани биле 1.253 нови случаи на зараза, а минатиот вторник имало 753 случаи. Седми ден по ред се регистрирани повеќе од илјада новозаразени.

„Знаевме дека наесен ќе дојде до зголемен број на новозаразени, но не е тајна дека во октомври тој број е нагло зголемен“, изјавил министерот Хунике.

Во Данска стапката на вакцинирани изнесува 75,1 отсто, додека пак 76,2 отсто од граѓаните примиле барем една доза.


Министерот за здравство нагласил дека невакцинираните граѓани имаат поголема веројатност да се заразат со Ковид-19 во текот на зимата, што дополнително ќе го оптовари болничкиот систем.

Тој повикал луѓето кои имаат симптоми да се тестираат.

„Сега е октомври, тоа значи дека зимата е пред нас и таа може да биде многу тешка“, изјавил министерот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг