Лејкерси без Леброн победија во Сан Антонио, Дончиќ шоу против Хјустон

Макфакс

27/10/2021

10:28

4.468

Големина на фонт

а а а

Далас Маверикс славеа победа над Хјустон 116:106, Голден стејт победија во Оклахома 106:98, Лејкерси без Леброн Џејмс, по едно продолженија победија во Сан Антонио 125:121, а Њујорк Никс по четири години успеаја да ја победат Филадлефија.

Далас на балкански погон го победија Хјустон. Лука Дончиќ забележа 26 поени, седум скока и 14 асистенции, Бобан Марјановиќ, ги погоди сите шутеви од поле, запиша 11 поени.

Њујорк Никс го прекинаа четири годишниот пост во дуелите со Филаделфија. Никс ставија крај на серијата од 15 порази, со триумфот 112:99. Кемба Вокер постигна 19,а Еван Фурније 18 поени за Њујорк.

Голден стејт го предводат Западот со скор 4/0. Вориорс, предводени од Стеф Кари (23 поени) славеа во Оклахома 106:98.

Лејкерси, во драматичен меч, победија во Сан Антонио. Дежонте Мареј беше трагичар, промаши шут за победа во регуларниот дел од натпреварот. Бекот на Сан Антонио забележа трипл-дабл од 21 поен, 12 скокови и 15 асистенции.

Во отсуство на Леброн Џејмс, Лејкерси ги предводеа Ентони Дејвис (35 поени, 17 скокови) и Расел Вестбрук (33 поени, 10 скока, осум асистенции).



Спонзорирани линкови

Маркетинг