Планирале да се венчаат, но наместо тоа тој бил погребан: Неговата вереница се огласи првпат по 28 години од трагедијата

Точка

27/10/2021

21:45

12.194

Големина на фонт

а а а

Елиза Хатон се огласила првпат по смртта на Брендон Ли, по 28 години.

Вереницата на Брендон Ли кој трагично почина на снимањето на филмот „The Crow“, Елиза, се огласи првпат по неговата смрт и тоа за да предупреди и да посочи на неколку важни работи.

Денес 57-годишната Елиза во јавноста зборувала поради тоа што сакала на сите да им порача дека несреќата во која Алек Болдвин случајно ја усмрти Халина Хачинс и го рани режисерот Џоел можела да се избегне.


„Пред 28 години се скршив од шок и тага поради губењето на љубовта на својот живот, Брендон Ли, што беше бесмислено. Срцето сега повторно боли поради сопругот на Халина Хачинс и сите оние кои ги погоди оваа трагедија, а можеше да се избегне. Ги повикувам сите оние на високите функции да направата промени и да ги разгледаат алтернативите со вистинското оружје на сетовите“, изјавила Елиза за магазинот „People“.


Пред неколку денови на својот профил на Инстаграм таа објавила фотографија од неа и Брендон од 1992 година во Венеција кога биле верени.

„Пиштол како реквизит не постои“, напишала таа во описот на фотографијата.


Парот планирал да е венча во 1993 година по снимањето на филмот. Меѓутоа, Брендон бил убиен на сетото во текот на последната седмица од снимањата и тоа кога ја снимал сцената во која умира и кога колегата во него испукал куршум од пиштол.


Со месеци кружеле приказни за оваа трагедија и како воопшто вистински куршуми се нашле во пиштолот кој требало да биде празен или наполнет со лажни куршуми. Но, службената истрага утврдила дека неговата смрт била несреќен случај и последица на неправилна проверка на оружјето.




Спонзорирани линкови

Маркетинг