Данската манекенка има совршено тело и обожава да се слика топлес: Таа е поранешна девојка на славниот глумец

Точка

26/10/2021

20:45

8.028

Големина на фонт

а а а

Нина Агдал (29) е една од упсешните манекенки чии фотографии ги краселе насловните страни на познатите модни и спортски магазини.

Откриена е коа била тинејџерка на улиците на родниот град, а со оглед на тоа дека немала искуство како манекенка, агентите ѝ предложиле да се пријави на натпреварувањето "Elite Model Look". Таа не победила, но веднаш потпишала договор со модна агенција.

Кога завршила средно училиште се преселила во Америка, каде нејзината кариера доживеала неверојатен успех. Станала заштитно лице за многу брендови, снимала едиторијали и насловни страни за многубројни модни и спортски магазини.

Круна на се било што ја красела и насловната страна на магазинот "Sports Illustrated Swimsuit".

Во манекенските кругови велат дека нејзиното тело е "многу бујно", а Нина во интервју за "Гламур" рекла дека и одредени магазини ги фотошопирале нејзините фотографии и дека јавно била исмевана поради изгледот.

Нина била во врска со Леонардо Дикаприо, постар од неа 17 години. Раскинале во 2017 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг