Мајката на Ѓоковиќ не ја поддржува неговата исхрана и не верувала дека ќе се ожени со Јелена

Точка

26/10/2021

20:31

5.473

Големина на фонт

а а а

Дијана Ѓоковиќ (57), мајката на најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ изјавила дека не верувала во тоа дека нејзиниот син ќе ја ожени сегашната сопруга Јелена, па признала дека во една одлука не ја поддржувала.

Во изјава за Блиц, рекла дека Јелена презела некои работи во свои раце, но дека не се согласува со исхраната која ја практикува нејзиниот син.

"Како млад тенисер немаше време за забава. Беше повеќе на пат отколку дома. Ја запознав неговата девојка која беше одбојкарка од Краљрво. Беа деца. Подоцна ја запознав Јелена, кога имаа 18 години не мислев дека ќе се венчаат. Но, ете не бев во право, се ожени со неа", рекла Дијана.

"Нормално дека Јелена презеде некои работи во свои раце. Не би било добро да се мешам. За жал, тие ретко доаѓаат, создадоа семејство и оаза, а Јелена некои работи ги прави на свој начин. Има некои работи кои не ги поддржувам, на пример исхраната".

Имено, Новак ја променил исхраната пред шест години, а дотогаш јадел месо дури четири пати дневно. Во меѓувреме по стапките на сопругата станал веган, иако своите пријатели ги повикува на скара, тој секогаш подготвува салата, компири или некој друг зеленчук.



Спонзорирани линкови

Маркетинг