Една Шпанка го лажирала сопственото киднапирање и ја искористила откупнината која нејзиниот сопруг ја платил за да игра бинго во казино во близина на Барселона.
Оваа 47-годишна жена, чиј идентитет не е откриен, измислила дека минува низ лажно киднапирање додека нејзиниот сопруг бил хоспитализиран, кој откако добил порака дека неговата партнерка е лишена од слобода, веднаш се јавил во полиција да пријави што се случило.
Полицијата ја уапсила жената откако го лажирала киднапирањето и ги потрошила парите за откуп - на бинго.
Човекот примал пораки од својата сопруга во кои пишувало дека е киднапирана и ги објаснувала чекорите кои мора да ги преземе за да ја обезбеди нејзината слобода, барајќи од него 6.000 евра за нејзиниот откуп, пишува debate.com.mx.
Откако ја примила пријавата за наводно киднапирање, елитната единица веднаш се мобилизирала да ја спаси жената која "била во опасност", но не требало долго време за да се открие дека сопругата дава лажни изјави поради фотографиите кои полицијата ги добила.
На споменатите фотографии се гледа наводно киднапираната жена како ги подигнува парите за откуп, а потоа оди во бинго соба каде ги трошела истите.
Жената била пронајдена во Барселона во близина на казиното Бадалона, каде била уапсена за фалсификат и изнуда, но подоцна била ослободена со кауција.
Во официјалната верзија која ја дал портпаролот на полицијата, било потврдено дека 47-годишна Шпанка била уапсена поради тоа што се преправала дека е лишена од слобода и дека нејзините киднапери барале 6.000 евра за да ја ослободат жива.
Полицијата навела дека сопругот го пријавил нејзиното наводно киднапирање.