Лидерот на суданската војска Ал-Бурхан го држи премиерот Хамдок во својата куќа

Точка

26/10/2021

19:12

1.893

Големина на фонт

а а а

Лидерот на војската и владејачкиот Воен совет на Судан, генерал Абдел Фатах ал-Бурхан, соопштил дека премиерот Абдалу Хамдок, поради безбедносни причини, го држи во својот дом.

Ал-Бурхан на новинарите во Картум денеска им кажал дека војската го сместила Хамдок во неговата куќа за да го чува откако добил смртни закани, јавува "Анадолија".

"Чувствуваме дека постои закана по животот на премиерот, затоа го држиме подалеку од јавноста. Тој е во мојот дом и новинарите можат слободно да го посетат", рекол Ал-Бурхан.

Премиерот Хамдок и бројни министри во неговата цивилна влада биле притворени од суданската војска во понеделникот, а генералот Ал-Бурхан прогласил вонредна состојба, ги распуштил Преодниот суверен совет и владата и суспендирал некои одредби од уставниот документ кои ја опишуваат политичката транзиција во Судан.

Обединетите Нации, Европската унија, Африканската унија, САД, Германија и бројни други меѓународни организации и држави го осудиле воениот удар во Судан и повикале на итно ослободување на затворените политичари и обнова на транзициската влада.




Спонзорирани линкови

Маркетинг