Фергусон пристигнал во Манчестер Јунајтед, ќе се обиде да му помогне на Солскјер

Точка

26/10/2021

18:05

2.692

Големина на фонт

а а а

Сер Алекс Фергусон, еден од најдобрите експерти на сите времиња, пристигнал во Манчестер Јунајтед.

Тој го посетил тренинг центарот на Црвените Ѓаволи во Карингтон за да му даде поддршка на Солскјер да остане на местото менаџер.

Покрај Фергусон, Норвежанецот ја има довербата на директорот Ед Вудворд и Ричард Арнолд, но последниот збор го дава Џоел Глејзер, еден од сопствениците на клубот од Олд Трафорд.


Солскјер е во кризна ситуација после дебаклот од Ливерпул (0:5) и не е далеку од отказ поради серија на променливи резултати.

Фергусон, кој со Јунајтед освои сѐ што е можно да се освои за 27 години, ќе се обиде да го убеди Глејзер да го задржи Солскјер, што нема да биде лесна задача. Посебно кога италијанецот Антонио Конте се понудил да го наследи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг