Лего коцките би можеле да ги спасат сингапурските корални гребени

Точка

26/10/2021

17:03

5.637

Големина на фонт

а а а

Сингапур е дом на третина од светските корални гребени, што е огромна количина за толку мала земја. Коралните гребени се важни бидејќи ги штитат светските крајбрежја, а покрај тоа се дом на илјадници риби и претставуваа витален дел од подводниот екосистем.

Меѓутоа, проблемите со мелиорација земјиштата и развојот на крајбрежјата доведоа до исцрпување на сингапурските гребени, а сега тоа сакаат да го променат научниците од Националниот универзитет во Сингапур на необичен начин - употреба на Лего коцки.

Јани е дел од групата научници кои користат Лего коцки со цел зачувување на сингапурските гребени.


"Вкупниот број на видови во светот изнесува околу 800, ние сме многу среќни што имаме речиси третина од тие видови концентрирани на толку мало подрачје околу јужните острови на Сингапур", рекла таа.

Сингапурските корални гребени се намалуваат веќе со години, а причината е мелиорацијата на земјиштето и загадувањето. Се верува дека ова е прв обид за користење на Лего коцки за обнова на гребените, а процесот се одвива така што научниците ги земаат полабавите делови на коралите од гребенот и ги ставаат на коцките. Тие мали делови со текот на времето стануваат големи колонии.

Лего коцките се избрани бидејќи се модуларни и многу се прилагодуваат на големината на коралот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг