(Видео) Голем пожар во Градски парк, горат бараките каде што беше сместен Судот за прекршоци

Точка

26/10/2021

16:26

2.701

Големина на фонт

а а а

Пожар избувна во раните попладневни часови денеска во скопскиот Градски парк, каде што според очевидци се запалиле старите бараки на Судот за прекршоци.

Бараката е во сопственост на Основен кривичен суд – Скопје, а внатре имало и документација оставена по селењето на одделот за прекршоци во судската зграда на стариот кривичен суд во комплексот судови.

Интервенираат 3 противпожарни возила и повеќе пожарникари.

Се слушаат и помали експлозии.

Командирот на противпожарната бригада Владимир Симоновски за „360 степени“ кажа дека веќе се излезени на терен и се интервенира.

„Во моментов интервенираме со три противпожарни возила“, рече Симоновски.

Засега нема никакви информации за настрадани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг