Блумберг: Северен тек 2 ја ослободува Русија од зависноста од поранешните советски републики

Точка

26/10/2021

15:53

1.218

Големина на фонт

а а а

Русија го изградила гасоводот "Северен тек 2" за да го пренасочи извозот на нафта и гас од транзитните рути кои минуваат преку некои пост советски републики, напишал аналитичарот за пазари за нафта Џулијан Ли во статија за "Bloomberg".

Авторот наведува дека по распадот на СССР земјата се нашла во зависност, со оглед на тоа дека нејзините нафтоводи минувале преку државите кои наеднаш станале независни и не секогаш пријателски настроени кон Москва. Меѓу нив се Украина, Молдавија, како и поранешните членки на Варшавскиот пакт: Полска, Чешка, Романија и Бугарија.

"Односите на Москва со многу од овие земји се промениле и тоа не на подобро од руска гледна точка...Не изненадува тоа што Русија планира да ја прекина својата зависност од таквите врски", смета аналитичарот.


Авторот на статијата претпоставува дека "Северен Тек 2" ќе и овозможи на Русија да го реши овој проблем.

Тој исто така го демантирал мислењето кое постои на Западот дека гасоводот е правен како "гасна стапица" за Европа.


Гасоводот "Северен тек 2" минува од брегот на Русија преку Балтичкото море до Германија и го сочинуваат два крака со вкупен капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно. Неговата изградба е завршена на 10-ти септември. Моментално е во процес на сертификација на компанијата "Норд Стрим 2 АГ" како независен оператор на гасоводот.


Целиот процес би можел да трае неколку месеци. Берлин од Москва веќе добил цел пакет неопходни документи.

Москва повеќе пати нагласувала дека новиот гасовод не е политички, туку економски проект, корисен и за Русија и за Европската унија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг